ПРВ.мк
Црна Хроника

ГРАЃАНИТЕ ВО ПАНИКА: Силен земјотрес ја погоди државата - еве каде беше епицентарот!

ГРАЃАНИТЕ ВО ПАНИКА: Силен земјотрес ја погоди државата - еве каде беше епицентарот!
Kristal

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер го погоди јужниот дел на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). Првично беше пријавено дека потресот изнесува 6,7 степени, но подоцна магнитудата беше ревидирана.

Потресот имал епицентар 27 километри источно од Сантијаго, во долината Кагајан.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија потврди дека нема опасност од цунами за територијата на Филипините.

Засега нема информации за жртви или предизвикана материјална штета, а властите ја следат ситуацијата.

FixCredit
Escape