ПРВ.мк
Топ Вести

ОДМАЗДА КОН САД: Руски функционер нареди да се потопат американските бродови - дали е ова крајот?

ОДМАЗДА КОН САД: Руски функционер нареди да се потопат американските бродови - дали е ова крајот?
Kristal

Силни реакции во Москва следат по денешното запленување на танкерот „Маринер“ од страна на американските сили во Атланскиот Океан, брод кој пловел под руско знаме.

Алексеј Журавлев, прв заменик-претседател на Комитетот за одбрана на Државната дума на Русија, ја оцени акцијата како „чисто пиратство“ и напад врз руската територија, повикувајќи на директен и решителен воен одговор. Тој додаде дека руската воена доктрина дури дозволува употреба на нуклеарно оружје како одговор на вакви акции, посочувајќи дека во близина на танкерот биле руска подморница и други воени бродови.

– Ова несомнено бара цврст и брз одговор. Единствениот начин да се запре е преку конкретни воени акции – истакна Журавлев, потенцирајќи дека напади со торпеда и потопување на американски бродови на крајбрежната стража се „неопходни за да се врати редот“, додавајќи дека САД, според него, се во „еуфорија на неказнивост“.

Танкерот „Маринер“ е наводно поврзан со Венецуела, а американските сили го следеле во Атлантикот повеќе од две недели пред запленувањето. Рускиот Министерство за транспорт потврди дека на бродот му била издадена привремена дозвола за пловење под руско државно знаме на 24 декември 2025 година.

Овој настан дополнително ја зголеми тензијата меѓу Москва и Вашингтон и отвори ново прашање за меѓународните морски права и безбедноста на бродовите кои пловат под национални знамиња во меѓународни води.

FixCredit
Escape