ПРВ.мк
Топ Вести

Словенија воведува ново правило, Божиќниот бонус сега е задолжителен - еве колку ќе изнесува

Словенија воведува ново правило, Божиќниот бонус сега е задолжителен - еве колку ќе изнесува
Kristal

Словенечката влада усвои закон со кој сите вработени ќе добиваат задолжителен божиќен бонус, објавија локалните медиуми.

Бонусот за зимските празници ќе изнесува половина од минималната плата, што оваа година значи 639 евра.

Според усвоената регулатива, бонусот треба да се исплати најдоцна 18 дена по истекот на рокот за исплата на платите во ноември. Доколку компаниите се соочуваат со финансиски тешкотии, исплатата може да се одложи до 31 март.

Escape