ПРВ.мк
Македонија

УХМР предупредува: Дожд и силен ветер од вторник - еве за колку степени ќе паднат температурите

УХМР предупредува: Дожд и силен ветер од вторник - еве за колку степени ќе паднат температурите
Kristal

УХМР најавува период на нестабилно време, со појава на магла во утринските часови, особено по котлините. Од вторник се очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на места пообилни, со количини над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец, со брзина над 60 километри на час.

Утре наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Претпладне времето ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во ноќните часови, особено во северозападните делови, се очекуваат услови за слаб локален дожд. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната дневна ќе достигне 19 степени.

Во Скопје утринската магла ќе го намали видливоста во делови од котлината. Дневното време ќе биде претежно облачно со умерен до засилен јужен ветер. Температурите ќе се движат од 3 до 15 степени.

Escape