На 15/16 ноември 2025 година, во периодот од 22:00 до 02:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Управа за јавни приходи, Трудова инспекција и Државна пазарна инспекција, извршија акциска контрола на угостителски објекти за точење на алкохол на малолетни лица.
Во еден од објектите на улица „Борис Кидрич“ биле затекнати 25 малолетници, кај кои со алкотестирање било констатирано дека сите консумирале алкохол. Малолетниците веднаш биле предадени на своите родители, додека против правното лице и одговорното лице Н.П. (30) од Тетово, по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
















