Во раните утрински часови денеска, во дом на подрачјето на општина Карпош, беше пронајден починат 55-годишен маж, информира Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 01:10 часот. Станува збор за З.С. (55) од Скопје. Екипа на Итната медицинска помош излегла на местото и констатирала смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
















