Вчера попладне на улицата „Сава Михајлов“ се случи тешка несреќа со електричен тротинет. Околу 17 часот, 15-годишна девојка од Инџиково, која го управувала тротинетот, изгубила контрола и паднала на коловозот. Со неа била и 14-годишна сопатничка.
Двете девојчиња се здобиле со тешки телесни повреди и биле префрлени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им биле констатирани повредите.
На местото на несреќата излезе екипа од СВР Скопје и изврши увид.
















