СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А. (74) од Штип за кривичните дела „убиство“ по член 123 и „противправно лишување од слобода“ по член 140 од Кривичниот законик.
Според истрагата, осомничениот Д.А. наводно ја држел Б.Н. (79) против нејзина волја во својот дом, а потоа со остар предмет ѝ нанел убодни рани од кои починала. По извршеното убиство, телото било закопано во дворот на домот.
Случајот започнал на 24 октомври 2025 година, кога Д.О. (84), сестрата на жртвата, пријавила дека Б.Н. се оддалечила од домот. По преземени мерки и сомневање дека жртвата била противправно држена во домот на Д.А., на 10 ноември 2025 година со судска наредба бил извршен претрес. При претресот биле пронајдени траги од крв и повеќе предмети поврзани со кривичното дело.
Д.А. бил лишен од слобода и спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово, каде што во траење од 96 часа бил задржан. По добиени вештачења на траги и предмети, осомничениот детално го појаснил начинот на кој го извршил убиството.
Телото на Б.Н. било пронајдено и предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител. На Д.А. му била определена мерка притвор во траење од 30 дена.
















