Утре, од 9:00 часот, дел од корисниците од улиците „Франклин Рузвелт“, „Рампо Левката“, „Дрезденска“ и Ученичкиот дом „Здравко Цветковски“ во Скопје ќе останат без вода.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради замена на три затворачи на улицата „Франклин Рузвелт“ број 37.
Водоснабдувањето ќе биде обновено веднаш по завршувањето на работните активности.















