ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија на скопските улици, еден живот згасна во несреќа - ова се деталите

Трагедија на скопските улици, еден живот згасна во несреќа - ова се деталите
Kristal

На 15 ноември 2025 година околу 23:10 часот, во СВР Скопје е пријавена сообраќајна несреќа на улица „Борис Трајковски“ во Скопје. Во несреќата биле вклучени патничкото возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х. (56) од Скопје, и патничкото возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.П. (28) од Скопје.

Возачот на „Фолксваген Голф“, С.Х., починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Повреди се здобиле сопатниците во истиот автомобил: Н.Х. (52) и М.Р.А. (24) од Скопје, како и Ф.М. (28) од Косово. Повреди имал и возачот на „БМВ“, Ф.П., а сите повредени се пренесени и згрижени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

На местото на несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и полициски екипи, а по наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Escape