ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Лет полн со тензија: Пијан патник предизвика немир на бордот - еве што беа принудени на направат Пилотите

(ВИДЕО) Лет полн со тензија: Пијан патник предизвика немир на бордот - еве што беа принудени на направат Пилотите
Kristal

Летот од Краков до Бристол се претворил во хаос кога еден патник одбил да седне за време на подготовките за слетување, принудувајќи го авионот да кружи над аеродромот во Бристол во вторник, 11 ноември.

Патниците го снимиле моментот кога човекот се потсмевал и покажувал среден прст, додека кабинскиот персонал постојано го предупредувал да седне. Наместо да се смири, тој продолжил со пцуење и правење сцена.

По слетувањето, полицијата го чекала авионот на пистата, но драмата продолжила. Иако службениците му наредиле мирно да го напушти авионот, човекот одбил, што довело до физичка пресметка во ходникот додека полицајците го врзувале. Компанијата „Рајанер“ потврди дека патникот на крајот бил отстранет од летот.

Очевидци наведуваат дека истиот човек предизвикал проблеми и два дена претходно на лет од Бристол до Краков, каде пиел алкохол, пцуел и се однесувал несоодветно кон патници, предизвикувајќи проблеми дури и на граничната контрола во Полска.

На повратниот лет, тој првично делувал посмирен, но повторно предизвикал инцидент откако се напил. Семјствата со мали деца го молеле да се смири, но тоа довело до понатамошни вербални пресметки.

Како резултат на неговото одбивање да седне за време на подготовките за слетување, пристигнувањето било одложено, а полицијата го совладала и отстранила од авионот по повеќе од еден час, што предизвикало и одложување на следниот лет.

„Рајанер“ истакна дека нивниот екипаж применува „строга политика на нулта толеранција“ против несоодветно однесување на патниците за да ја обезбеди безбедноста на сите на летот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Escape