Етиопија соопшти дека регистрирала девет случаи на вирусот Марбург, вклучувајќи и заразени здравствени работници. Примероците од сомнителни случаи биле позитивни, а инфекцијата ја предизвикува истиот сој што претходно предизвика епидемии во источна Африка.
Светската здравствена организација (СЗО) и Африканскиот центар за контрола на болести испратиле итна помош, вклучувајќи медицинска опрема и изолациони шатори. Владата на Етиопија работи на спречување на ширење на болеста преку границите, со посебен фокус на превенција и заштита на здравствените работници.
Вирусот Марбург е многу заразен и често смртоносен, со симптоми како висока температура, главоболка, болки во мускулите и тешко крварење. За болеста сè уште нема одобрен лек, а епидемиолозите од Етиопија и Јужен Судан соработуваат за контрола на ширењето. СЗО издвоилa 300.000 долари за итна поддршка.
















