ПРВ.мк
Топ Вести

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Планиран прекин на струја викендов во вие делови од Скопје!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Планиран прекин на струја викендов во вие делови од Скопје!
Kristal

Делови од општината Бутел утре ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, врз основа на известување од ЕВН Македонија АД.

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето со струја ќе има во дел од селото Љубанци, односно во реонот кај Црквата „Св. Јован“, на територија на општина Бутел.

Исто така, од РЦУК соопштуваат дека во недела, од 08:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од улицата „Џон Кенеди“, поточно во околината на Веро Маркет, како и дел од улицата „Кемал Сејфула“, во близина на стадионот во општина Чаир.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape