Хрватското Министерство за одбрана соопшти дека од 1 јануари земјата целосно ќе ја преземе контролата и заштитата на својот воздушен простор, користејќи повеќенаменски борбени авиони „Рафал“ како дел од интегрираниот систем за противвоздушна и ракетна одбрана на НАТО.
„Преку интензивната обука на персоналот и воведувањето на авионите „Рафал“ во оперативна употреба, постигнато е ниво на подготвеност за заштита на воздушниот простор во мирно време, во рамки на интегрираниот НАТО систем“, се наведува во соопштението.
Во 2021 година, Хрватска купи 12 половни авиони „Рафал Ф3Р“ за 1,13 милијарди евра, со цел да ја зајакне својата одбранбена способност и улогата во регионалната безбедност.
















