Локалот во Кавадарци каде на 22 ноември настапуваше српскиот пејач Аца Лукас доби парична казна од 100 евра како микро трговец, поради присуство на трипати повеќе гости од дозволениот број. Исто така, казна од 100 евра доби и одговорното лице на локалот, откако инспекторите утврдија надминување на капацитетот од 200 лица – на настанот имало околу 700 гости.
Градоначалникот Митко Јанчев потсети дека безбедноста е на прво место и дека нема да се дозволи повторување на вакви ризични ситуации. Дополнително, Аца Лукас доби казна од 50 евра поради настап без соодветна дозвола, а локалот беше казнет и за прекршување на Законот за заштита од пушење.
















