ПРВ.мк
Скопје

Се враќа срцето на културниот живот: Универзална сала добива нова шанса - еве од кога ќе почне изградбата!

Се враќа срцето на културниот живот: Универзална сала добива нова шанса - еве од кога ќе почне изградбата!
Kristal

Обезбедена е целосно нова проектна документација и објавена е нова јавна набавка за реконструкција на Универзална сала, информираше министерот за култура и туризам Зоран Љутков, осврнувајќи се на капиталните проекти реализирани и активирани во изминатиот период.

Министерот нагласи дека Универзална сала повторно е ставена високо на агендата на Министерството, откако претходните постапки беа поништени, а процесот со месеци беше блокиран. Со новата документација и новиот тендер, како што посочи, се создаваат услови конечно да започне реалната реконструкција на овој значаен културен објект.

Во рамки на отчетот за капиталните инвестиции, Љутков ги истакна и другите значајни проекти што се придвижени или продолжени. Според него, продолжена е изградбата на Турскиот театар, деблокирана е изградбата на стариот театар во Струмица, а паралелно се работи и на реконструкцијата на театрите во Куманово и Битола.

Министерот информираше дека киното „Партизан“ во Битола се реконструира со забрзана динамика, завршена е првата фаза од санацијата на покривот на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“, додека санацијата на прокиснатите делови во Македонскиот народен театар се реализира со засилено темпо.

Со овие активности, како што посочи Љутков, Министерството има за цел да ги надмине долгогодишните застои и да обезбеди функционални и безбедни услови за културните институции низ државата.

FixCredit
Escape