ПРВ.мк
Скопје

ГРАЃАНИТЕ РЕВОЛТИРАНИ: Се жалат на „Безбеден град“ и мерењето на брзината „од ракав“ - еве неколку примери!

ГРАЃАНИТЕ РЕВОЛТИРАНИ: Се жалат на „Безбеден град“ и мерењето на брзината „од ракав“ - еве неколку примери!
Kristal

Новата сообраќајна контрола „Безбеден град“ во Скопје веќе предизвикува незадоволство кај возачите, поради наводни сериозни технички грешки на радарите. Иако системот е наменет за зголемување на безбедноста, на социјалните мрежи и во затворени Вибер групи масовно се шират сведоштва за неточни мерења.

На клучката кај Ченто кон Хиподром, неколку возачи пријавиле идентични проблеми:

  • Возач на камион добил записник за брзина од 99 км/час, иако се движел со точно 50 км/час.
  • Друг автомобилски возач добил опомена за 60 км/час, иако возел под 50 км/час.
  • Трет граѓанин со темпомат на 50 км/час добил известување за брзина од 65 км/час.

Разликите од 15 до речиси 50 км/час ги будат сомнежите во точноста и калибрацијата на поставените радари.

МВР повика граѓаните кои сметаат дека се оштетени да поднесат приговор преку неколку канали:

  • На шалтер во Одделот за граѓански работи во МТВ (08:00 – 17:00 часот).
  • Во деташираните референти на МВР низ станиците за технички преглед.
  • Електронски на e-mail: [email protected].

Иако МВР уверува дека сите приговори ќе бидат евидентирани и разгледани, возачите изразуваат загриженост за стресот и времето изгубено за доказување дека не ја пречекориле брзината поради системски пропуст.

Надлежните најавуваат вонредна проверка на точноста на уредите на критичните локации каде се регистрирани најмногу поплаки.

FixCredit
Escape