ПРВ.мк
Скопје

Модернизација во Скопје: Нови автобуси и камиони за смет - еве кога ќе пристигнат!

Модернизација во Скопје: Нови автобуси и камиони за смет - еве кога ќе пристигнат!
Kristal

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во комуналната и транспортната инфраструктура на главниот град. Тој откри дека до април следната година, јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ќе биде засилено со 40 нови камиони.

Набавката на возилата ќе се реализира во две фази – дел преку сопствени средства на Град Скопје, а дел преку Министерството за транспорт со поддршка од Светска банка. Новите камиони ќе бидат поефикасни, ќе трошат помалку гориво и ќе бараат помалку сервисирање.

Ѓорѓиевски истакна дека состојбата со постојните возила е критична, бидејќи поради нивната старост, бројот на функционални камиони постојано варира меѓу 40 и 50, што не ги задоволува потребите на градот. И покрај подобрувањата во хигиената, се изречени стотици казни за несовесни граѓани кои создаваат депонии.

Освен за комуналната хигиена, градоначалникот најави и обнова на јавниот превоз. Тој очекува состојбата со автобусите целосно да се нормализира до првата половина на 2026 година, со пристигнувањето на новите автобуси. Еден од најголемите проблеми биле неплатените набавки за резервни делови, што довело до тоа голем дел од возниот парк на ЈСП и на „Комунална хигиена“ да биде нефункционален. Според Ѓорѓиевски, процесот на санирање на долговите и набавка на нови возила е клучот за решавање на хаосот во градот.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape