Денес околу 14:00 часот на регионалниот пат Брус – Александровац изгоре целосно автобус, информираат надлежните.
Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица, но материјалната штета е голема.
Причината за пожарот сè уште не е утврдена и ќе биде откриена по спроведена истрага.

















