ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) Трагедија на улиците на Харков: Експлозија на бомба, бројот на загинати се зголемува - ова се деталите!

(ФОТО) Трагедија на улиците на Харков: Експлозија на бомба, бројот на загинати се зголемува - ова се деталите!
Kristal

Руските сили извршија напад со наведувани воздушни бомби врз Харков, погодувајќи еден од најпрометните градски патишта, при што загинаа две лица, а неколку други беа повредени, објави градоначалникот Ихор Терехов, според „Украинска правда“.

Терехов првично информираше на социјалните мрежи: „Харков е нападнат со наведувани воздушни бомби. Експлозии се слушнаа во предградијата и во самиот град. Нападот ја погодил населбата Шевченки.“

Подоцна тој додаде дека „неколку автомобили биле опожарени, а прозорците на блиските куќи скршени. Имало луѓе во запалените возила“.

Според потврдата на градоначалникот, во нападот загинаа две лица, а тројца се повредени, од кои едно лице е во сериозна состојба.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape