Вечерва, во атинската населба Калитеа, избувна голем пожар во станбена зграда, при што двајца мажи загинаа. Телата беа пронајдени во стан на првиот кат откако пожарникарите успеаја да се пробијат низ пламенот.
Според грчките медиуми, на пожарот му претходела силна експлозија која ги вознемирила жителите во центарот на Атина. На местото на настанот интервенирале 15 пожарникари со пет возила и специјална опрема, кои по неколкучасовна борба успеале да го локализираат огнот.
Полицијата ги блокирала сообраќајниците во околните улици, а истрагата ќе утврдува што предизвикало експлозијата и пожарот кој се покажа кобен за двајцата мажи.
















