Бранкица Миновска од Пробиштип ја реализира својата хумана мисија да секое дете почувствува роденденска магија. Половина година таа посветено го спроведува својот проект „Среќа“, преку кој изработува торти за деца од социјално ранливи категории.
Иницијативата, која потекнува од идеја уште во 2011 година, денес обединува многу добри луѓе, вклучувајќи и иселеници, кои несебично помагаат да се израдуваат децата кои најмногу имаат потреба од внимание и поддршка.

Моментот кога тортата се предава на детето е незаборавен – за овие мали јунаци, роденденот станува ден на желби, радост и искрени насмевки. За Бранкица, среќата на децата е најголемата награда и потврда дека ниту едно дете не смее да остане изоставено од празничното славје.

















