ПРВ.мк
Топ Вести

ВОНРЕДНА МЕРКА: Полска привремено го затвори двата аеродрома - ова е причината!

ВОНРЕДНА МЕРКА: Полска привремено го затвори двата аеродрома - ова е причината!
Kristal

Аеродромите во Жешов и Лублин во југосточна Полска беа привремено затворени откако полските вооружени сили подигнаа борбени авиони како одговор на руските воздушни напади врз Украина. Полската агенција за воздушна навигација (PANSA) соопшти дека затворањето е потребно за да се обезбеди слобода на дејствување на воената авијација.

Во текот на ноќта и утрото, руските сили извршија напади врз неколку области во регионот Киев, предизвикувајќи штета на станбени згради, градилишта и претпријатија. Во нападите беше повредено едно лице во регионот Ивано-Франкивск, кое веднаш било хоспитализирано.

Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски утре во Палм Бич, Флорида. Средбата е закажана за 15:00 часот по локално време и ќе биде посветена на продолжување на разговорите за завршување на војната во Украина. Засега не е јасно дали ќе има директни преговори со Русија, бидејќи Москва не се спомнува во официјалното соопштение.

FixCredit
Escape