ПРВ.мк
Топ Вести

(ВИДЕО) ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ РУСИЈА: Британските ракети „Сторм Шедоу“ во акција - еве каква штета направија!

(ВИДЕО) ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ РУСИЈА: Британските ракети „Сторм Шедоу“ во акција - еве каква штета направија!
Kristal

Украинските вооружени сили потврдија дека вчера ја употребиле британската крстосувачка ракета „Сторм Шедоу“ за напад врз рафинеријата за нафта Новошахтинск во рускиот регион Ростов. Според Генералштабот на Украина, нападот предизвикал серија експлозии и бил успешен.

Рафинеријата Новошахтинск е стратегиска цел, бидејќи снабдува со гориво јужна Русија и обезбедува дизел и керозин за руската војска и авијација. Овој објект претходно бил цел на најмалку шест украински напади, но вчерашниот е првиот потврден случај на употреба на ракети „Сторм Шедоу“.

Објектот се наоѓа приближно 175 километри од територијата под контрола на Украина, додека дострелот на ракетите „Сторм Шедоу“ надминува 250 километри. Украинските напади врз енергетската и логистичката инфраструктура на Русија се дел од стратегијата на Киев за намалување на способноста на руските сили да изведуваат речиси секојдневни ракетни и дронски напади врз украински цели.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape