СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.З. (22) од село Банско, поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
Инцидентот се случил на 25.08.2025 година во двор на основно училиште во село Банско, кога полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот и пронашле марихуана. Дополнително, истата дрога била пронајдена и кај друго лице, кое, како што информираат од полицијата, ја добило од пријавениот.
Случајот е пријавен и се води постапка за натамошно документирање и правна санкција.
















