Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) извести дека поради магла видливоста на одредени планински превои е значително намалена: до 100 метри на Стража и Ѓавато, до 30 метри на Плетвар и во Крушево, и само 15–20 метри на патниот правец крак Маврово – Маврови Анови.
Сообраќајот се одвива непречено, со претежно влажни коловози, а интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања, но во сила е задолжителна зимска опрема за возилата.
АМСМ ги советува возачите да ја прилагодат брзината на движење според условите, да ги почитуваат сообраќајните знаци и да возат внимателно особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои ризик од одрони.
Особено внимание се препорачува на патните правци: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
















