ПРВ.мк
Црна Хроника

СКАНДАЛОЗНА ЗАКАНА: Трамп се закани со „пекол“ околу колежот на христијаните - не сте свесни што ве чека!

СКАНДАЛОЗНА ЗАКАНА: Трамп се закани со „пекол“ околу колежот на христијаните - не сте свесни што ве чека!
Kristal

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со „пекол“ доколку нападите врз христијаните во Нигерија продолжат. Според изјавата на Трамп, биле изведени „бројни совршени удари“ против позиции на Исламската држава.

Американската команда за Африка (AFRICOM), која ја надгледува воената активност на САД на континентот, соопшти дека првичната проценка покажува дека биле убиени повеќе терористи во нивните кампови во Нигерија. Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, истакна дека претседателот јасно наложил да престане убивањето на невини христијани во Нигерија и на други места, а Исламската држава била предупредена „на Божиќ“.

Нигериското Министерство за надворешни работи потврди дека нападите се изведени и нагласи дека земјата продолжува да соработува со меѓународните партнери, вклучително и САД, во справувањето со тероризмот и насилниот екстремизам.

Ситуацијата во Нигерија во последниов период е напната, со низа верски конфликти: во октомври, судир меѓу христијани и муслимани во северниот дел на земјата резултираше со најмалку 55 загинати лица. САД, според Трамп, се подготвени да интервенираат доколку нападите продолжат.

FixCredit
Escape