ПРВ.мк
Топ Вести

МИЦКОВСКИ ТВРДИ: Дислокацијата на Усје не е проблем за Владата - но еве колку време е потребно!

МИЦКОВСКИ ТВРДИ: Дислокацијата на Усје не е проблем за Владата - но еве колку време е потребно!
Kristal

Владата, во рамки на своите законски ингеренции, ќе постапува по заклучоците што ги донесе Советот на Град Скопје за дислокација на цементарницата „Титан УСЈЕ“ и за спроведување вонредни инспекциски контроли врз големите загадувачи, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на 120 нови полициски возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, Мицкоски нагласи дека инспекциските служби веќе континуирано спроведуваат вонредни контроли, со цел да се утврди почитувањето на еколошките стандарди и законските обврски од страна на индустриските капацитети.

– Што се однесува до дислокацијата, за Владата тоа не претставува никаков проблем. Сè што е проблем за граѓаните, е и проблем за Владата. Но суштината мора да се каже јасно – загадувањето е резултат на децениска негрижа, односно немање обезбедено алтернативни извори на енергија за домаќинствата во текот на грејната сезона – истакна Мицкоски.

Според премиерот, клучот за долгорочно решавање на проблемот со аерозагадувањето лежи во обезбедување системски алтернативи, како што се далечинско греење и гасификација, и тоа и на источната и на западната порта на Скопје.

– Ова е проблем кој се таложел со децении. Владата работи на конкретен проект и очекувам на почетокот на следната година да ги имаме сите детали. Веќе се водат разговори со инвеститорот со кој потпишавме меморандум за разбирање за развој на когенеративна гасна електрана. Со тој проект сме убедени дека сериозно ќе се реши затоплувањето на домовите на источната порта на градот, а истиот пристап ќе го примениме и за западната порта – нагласи Мицкоски.

Тој посочи дека за вакви капитални проекти е потребно време, иако притисокот од јавноста е голем и оправдан.

– Граѓаните ги разбирам и тие секогаш се во право. Сите ние живееме овде и го дишеме истиот воздух. Исто така, и во други градови низ Македонија, каде што нема големи индустриски капацитети, се бележат екстремно високи концентрации на ПМ 2,5 и ПМ 10 честички – рече премиерот.

Мицкоски потенцираше дека решението мора да биде системско и со холистички пристап, додавајќи дека токму таков модел на работа применува актуелната Влада при справувањето со еколошките и инфраструктурните предизвици во државата.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape