ПРВ.мк
Топ Вести

НОВО ОРУЖЈЕ ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ: 120 нови автомобили за МВР - еве каде се распоредени!

НОВО ОРУЖЈЕ ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ: 120 нови автомобили за МВР - еве каде се распоредени!
Kristal

Денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи беа промовирани 120 нови возила наменети за македонската полиција. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на БЈБ Александар Јанев.

Министерството за внатрешни работи набави 120 автомобили „Peugeot 408 Allure 1.6 PureTech 215 KS EAT8“ за речиси 4 милиони евра, односно 239.068.000 денари, со договор склучен на 18.08.2025 година и објавен на веб-страницата за јавни набавки.

Возилата се наменети исклучиво за униформираната полиција и ќе бидат рамномерно распределени низ сите полициски организациски единици во земјата, со посебен фокус на Скопје, како најголем град со најголеми безбедносни потреби.

– „Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој процес“, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот им честиташе на полициските службеници и најави дека Владата ќе продолжи да поддржува вакви проекти за подобрување на безбедноста во државата.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape