Во пресрет на Новата година, фабриката Кристал 1923 реализираше значајна празнична акција во соработка со Борец Јуниор од Велес. Над 70 најмлади фудбалери добија новогодишни пакетчиња, како мал знак на внимание и поддршка, кој кај децата создаде искрена радост и празнично расположение.

Акцијата имаше цел да биде симболичен гест со кој Кристал 1923 сакаше да внесе топлина и насмевки во новогодишните денови. Во период кога малите нешта значат многу, ваквите моменти остануваат запаметени како убаво искуство и охрабрување за најмладите.

Кристал 1923 и понатаму останува препознатлив како компанија која ја вреднува заедницата во која работи и живее, со посебна чувствителност кон младите и локалните иницијативи а понекогаш е доволно искрено внимание и човечки пристап.
Новогодишните пакетчиња за децата од Борец Јуниор беа токму тоа: мал, но искрен празничен гест кој испрати порака на грижа, блискост и заедништво, и уште еднаш потсети дека празниците се време за споделување и радост.
















