Најстарото зимско одморалиште во Бугарија, Боровец, кое оваа година слави 130 години од своето основање, официјално ја отвори скијачката сезона. Лифтовите се подготвени, а цените на билетите се зголемија минимално – еднодневниот билет сега чини 54 евра.
Боровец нуди три поврзани скијачки центри, осум осветлени патеки за ноќно скијање и многубројни омилени спустови како „Јастребец 1“, „Попангелов“, „Мартинови Бараки“ и „Маркуџик“.
Денешното отворање започна со интерактивната авантура „Лов на историско богатство“ и демонстрации на Планинската спасувачка служба, а вечерта ќе продолжи со ласерско шоу и концерт на бендот „Молец“.
Боровец има богата историја – од летната резиденција на принцот Фердинанд во 1896 година, преку развојот на национално одморалиште во 1948 година, до интернационален скијачки центар кој домаќин на рунди од Светскиот куп и големи спортски натпревари.
















