ПРВ.мк
Балкан

Празници со повисоки цени: Трпезата поскапа од лани - еве за колку е разликата!

Празници со повисоки цени: Трпезата поскапа од лани - еве за колку е разликата!
Kristal

Во Грција, цените на празничната трпеза за Божиќ и Нова година годинава се зголемени за 3,6 до 7 проценти во споредба со лани, според податоците на Институтот за трговија и услуги на Грчката конфедерација за трговија и претприемништво. И покрај поскапувањето, Грците не дозволуваат тоа да им го расипе празничното расположение.

Празничната вечера за шест до осум лица годинава чини од 111,97 до 160,03 евра. Најголеми поскапувања има кај јагнешкото и телешкото месо, со 18,2 и 16,7 проценти, додека свинското месо е за 9,4 отсто поскапо. Поголеми се и цените на фета сирењето, пивото и виното.

Традиционалната грчка трпеза вклучува пити, салати, месо – мисиркино или свинско – и празнични колачиња како меломакарона и гурабии. Цените на мисиркиното месо се движат од 6,50 до 17 евра, а свинското од 6 до 15,50 евра, во зависност од свежината. Колачињата се за 0,9 до 3 проценти поскапи од лани.

Грците се придржуваат до традицијата и празниците ги прославуваат со умерено купување, но со зачувано празнично расположение. Центарот на Атина е исполнет со граѓани и туристи кои уживаат во празничната атмосфера, прошетки, божиќни паркови и новогодишни украси на плоштадот Синтагма.

Градоначалникот на Атина, Харис Дукас, истакна дека високата исполнетост на хотелите (70-80 отсто) покажува дека Атина е привлечно туристичко одредиште во текот на целата година, а особено за празничниот период. Празничната атмосфера ја надополнуваат и тематските паркови и општинскиот божиќен маркет, што ја прави грчката метропола вистинска новогодишна дестинација.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape