ПРВ.мк
Балкан

Сообраќајот на Евзони запрен - еве до кога ќе траат протестите!

Сообраќајот на Евзони запрен - еве до кога ќе траат протестите!
Kristal

Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони за сите возила до 16 часот по локално време (15 по македонско), а попладне се планира втора четиричасовна блокада од 18 до 22 часот (17 до 21 часот по македонско време).

По кратка пауза за Божиќ, блокадите на низа локации низ цела Грција се повторно активни. На Евзони, тракторите се паркирани на грчката страна, што предизвикува прекин на сообраќајот. Другите гранични премини кон Македонија, Ники (Меџитлија) и Дојран, засега се отворени, но не се исклучува можност за нови блокади на Ники.

Земјоделските протести започнаа на 30 ноември поради зголемените трошоци за производство и ниските цени на производите, а главното барање е исплата на заостанатите европски субвенции.

Исто така, денеска се активираат блокади и на автопатиштата низ цела Грција, вклучувајќи го и автопатот Солун – Атина кај патарините Малгара, каде сообраќајот кон Атина е затворен. Според најавите, по Нова година сите автопатишта и гранични премини се очекува да бидат отворени за да се олесни патувањето на граѓаните.

FixCredit
Escape