Вчера претпладне, во скопски Центар, одземена е спомен-бистата на народниот херој Вера Јоциќ, информираат од МВР.
Според полицискиот билтен, пријавата е поднесена на 26.12.2025 во 11:00 часот во СВР Скопје, а украдената биста била поставена во парк на подрачјето на општина Центар.
Полициските служби преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на одговорните лица.
















