Полициските службеници од СВР Велес денеска, 27 декември 2025 година, организираа посебна новогодишна дружба за најмладите жители на градот. Децата беа изненадени од посетата на Дедо Мраз, кој им додели пакетчиња, а активноста беше збогатена со едукативни моменти и интерактивни прашања за полициската професија.
Подароците беа обезбедени од вработените во СВР Велес во соработка со локална општествено одговорна компанија, а средбата ја искористија и за дружење со полицајците, разменувајќи знаења и искуства.





















