ПРВ.мк
Македонија

Емотивно обраќање на мајка на „Маршот на ангелите“ - говор полн со тага и болка!

Емотивно обраќање на мајка на „Маршот на ангелите“ - говор полн со тага и болка!
Kristal

Во пресрет на новогодишните празници, кога градовите се полнат со светлина, музика и радост, болката на семејствата кои ги изгубија своите најмили во трагичната несреќа во клубот „Пулс“ останува неизмерна. Мајка на едно од загинатите момчиња објави потресно писмо, посветено на својот син и неговите пријатели, кои својата прва Нова година ја „прославуваат“ на небото.

Во пораката, која ги крши срцата на сите што ја читаат, мајката се присетува на деновите пред трагедијата, кога младите планирале каде ќе ја дочекаат најлудата ноќ. Наместо радост и смеа, останале само тишина, крик и болка.

„Требаше овде да се слуша вашиот глас, вашата смеа и љубов. Но, наместо тоа, остана само тишина, крик, болка и солзи. Среќна ви прва небесна Нова година, ангели наши. Славејте како што славевте – радосни и разиграни како таа кобна ноќ,“ пишува таа, пренесувајќи ја неизмерната тага на секој родител што ја почувствувал трагедијата.

Мајката исто така упатува апел за праведно разрешување на трагедијата: „Имаме друга желба до него – да пресуди праведно за вашето прерано заминување. Ако ја исполни таа желба, ќе знаеме дека тој е вистинскиот.“

Пораката завршува со личен и болен завет кон својот син, замолувајќи го „таму горе“ да им направи забава на ангелите, онака како што тоа знаел да го прави овде на Земјата.

Ова писмо ја потсетува јавноста дека за семејствата погодени од трагедијата, празниците се време на сеќавање и неизмерна тага, а не на весела прослава.

FixCredit
Escape