ПРВ.мк
Црна Хроника

ФАТАЛНА ГРЕШКА: Кремирано тело на погрешна личност - ова се деталите!

ФАТАЛНА ГРЕШКА: Кремирано тело на погрешна личност - ова се деталите!
Kristal

Телото на погрешна личност беше кремирано во Универзитетската болница „Кралица Елизабета“ во Глазгов, што доведе до веднашно суспендирање на одговорните лица и отворање истрага, објави Би-Би-Си.

Персоналот на мртовечницата го предал погрешно обележаното тело на погребални компании, а раководството на болницата им се извини на семејствата за сериозниот пропуст. Националната здравствена служба за Глазгов и Клајд потврди дека инцидентот се случил во ноември и дека е резултат на човечка грешка, при што процедурите за идентификација и обележување на телата не биле почитувани.

Оваа болница веќе е под истрага по серија проблеми со инфекции и системите за вода и вентилација, по изградбата во 2015 година.

FixCredit
Escape