Полициски службеници од СВР Скопје во ноќта меѓу 26 и 27 декември 2025 година лишија од слобода девет лица на различни локации во главниот град, поради сомнение за поседување наркотични средства.
Меѓу приведените се Б.М. (27), В.К. (46), Е.Ќ. (31), А.П. (28) и В.Н. (28), сите од Скопје, како и Д.Т. (31) од село Булачани, скопско, Б.И. (36) од Гостивар, Е.Х. (35) од село Отља, липковско, и Е.Е.Г. (20) од Турција, кој престојува во Скопје.
При контролите кај приведените лица, полицијата пронашла и одземала бела грутчеста и прашкаста материја, марихуана и дробилка.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
















