На 26 декември 2025 година, полициски службеници на Граничниот премин Деве Баир лишиле од слобода 41-годишен турски државјанин, Н.Ч., откако при редовна контрола било утврдено дека приложил фалсификувани зелени карти за товарно возило „Ман“ со приколка со турски национални ознаки.
Приведениот е предаден на полициски службеници во Крива Паланка за понатамошна постапка, а случајот се расветлува.
















