ПРВ.мк
Црна Хроника

Повторно силеен земјотрес - еве каде беше епицентарот!

Повторно силеен земјотрес - еве каде беше епицентарот!
Kristal

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска покрај брегот на Тајван, соопшти метеоролошката служба на островот, пренесуваат светските агенции.

Епицентарот бил 63 километри југоисточно од градот Килунг, кој брои околу 397.000 жители, на длабочина од 73 километри. Засега нема извештаи за повредени лица или предизвикана материјална штета, а не е издадена ниту закана од цунами.

Националната противпожарна служба на Тајван започнала со проценка на евентуалните последици од земјотресот.

Тајван се наоѓа на пресек на две тектонски плочи, што го прави подложен на чести земјотреси. Историјата бележи сериозни катастрофи: во 2016 година земјотрес во јужниот дел од островот одзеде повеќе од 100 животи, а во 1999 година, со магнитуда од 7,3 степени, животот го загубија повеќе од 2.000 луѓе.

FixCredit
Escape