ПРВ.мк
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПОД ПРИТИСОК: Манасиевски бара од Филипче да ги објави документите за златната виза - како ја добил?

ФИЛИПЧЕ ПОД ПРИТИСОК: Манасиевски бара од Филипче да ги објави документите за златната виза - како ја добил?
Kristal

Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција го повика министерот Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи. Манасиевски истакна дека, според информациите, Филипче не бил партнер во изградбата на 42-катницата на Заев во Дубаи, но сепак добил златна виза, што буди сомнежи за тоа како ја стекнал.

– Доколку Филипче навистина бил на работа во Дубаи, дали договарал работа во болница или имал друга активност, нема да му биде проблем да ги покаже документите. Но, тој не ги покажува бидејќи ги нема – рече Манасиевски.

Тој додаде дека сведоштвото на поранешниот соработник на Заев, Тома Аврамски, потврдува дека видел како е изградена 42-катницата и дека видел и станови на Филипче и Заев во Дубаи.

Манасиевски потсети дека за добивање на златна виза во Дубаи е потребна минимална инвестиција од 500.000 долари и нагласи дека Филипче треба јасно да одговори дали визата е добиена преку инвестиција, како ги обезбедил тие средства и дали тие се заработени легално, со оглед на тоа дека плата од лекар и пратеник не е доволна за таа сума.

– Лошото минато создадено од Заев и Филипче треба да остане во минатото, но јавноста заслужува објаснување – нагласи Манасиевски.

FixCredit
Escape