Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на магистралниот пат А-2 кај Струга, при што сериозно е повреден млад возач, информираат од полицијата.
Според пријавата во ОВР Струга, несреќата се случила околу 15:10 часот, кога патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.М. (31) од селото Франгово, струшко, од засега неутврдени причини излетало од коловозот.
При излетувањето, возачот се здобил со тешки телесни повреди, поради што веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, каде лекарите констатирале сериозност на повредите и му била укажана соодветна медицинска помош.
На местото на настанот интервенирала увидна екипа од ОВР Струга, која извршила детална проверка и прибирање траги со цел да се утврдат причините и околностите под кои дошло до несреќата. Истрагата е во тек, а повеќе детали се очекуваат по нејзиното завршување.
















