ПРВ.мк
Топ Вести

Нова жртва на измамници: Жена измамена од лажен доктор - еве за колкава сума станува збор!

Нова жртва на измамници: Жена измамена од лажен доктор - еве за колкава сума станува збор!
Kristal

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница станала жртва на тешка и добро организирана телефонска измама, при што била оштетена за сума од дури 30.000 евра. Случајот бил пријавен во ОВР Виница на 23 јануари 2026 година во 08:50 часот.

Според пријавеното, непознато лице ја контактирало телефонски и се претставило како лекар од Словенија. Со вознемирувачки и убедлив тон, измамникот и соопштил дека нејзината ќерка, која наводно престојувала и работела во Словенија, доживеала тешки телесни повреди и дека итно ѝ е потребна операција. За наводната медицинска интервенција, лицето побарало голема сума на пари, тврдејќи дека без нив нема да може да се изврши зафатот.

Вознемирена и загрижена за здравјето на ќерката, жената ги подигнала парите од банка и, следејќи ги инструкциите што ѝ биле дадени по телефон, ги предала парите во дворот од нејзината семејна куќа на лице кое било испратено да ги преземе.

Подоцна, откако стапила во контакт со својата ќерка, жената сфатила дека целата приказна била измислена и дека станала жртва на измама. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo