ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕМИРИ ВО УЧИЛИШЕН ДВОР ВО ВЕЛЕС: Физичка пресметка меѓу деца и возрасни лица - ова се деталите!

НЕМИРИ ВО УЧИЛИШЕН ДВОР ВО ВЕЛЕС: Физичка пресметка меѓу деца и возрасни лица - ова се деталите!
Kristal

Физичка пресметка меѓу неколку лица вчера попладне го нарушила јавниот ред и мир во дворот на едно средно училиште во Велес, по што случајот бил пријавен во СВР Велес.

Како што информираат од полицијата, пријавата била примена во 14:20 часот. Во инцидентот учествувале две полнолетни лица, Б.Р. (20) и А.У. (18), двајцата од селото Горно Јаболчиште, општина Чашка. Тие биле инволвирани во физичка пресметка со четворица малолетници.

Од малолетните учесници, тројца се од селото Бузалково, додека еден е од селото Сливник, сите од велешкиот регион. Засега не се соопштува дали има повредени лица и какви се причините за настанувањето на инцидентот.

Полициските службеници преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде утврдена одговорноста на сите инволвирани лица согласно законските прописи.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo