Полициски службеници од СВР Штип на 21.01.2026 година во 11:45 часот го лишиле од слобода Т.Ј.(44) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава за семејно насилство.
Според пријавеното, на 05.01.2026 година, во семејниот дом, осомничениот со употреба на тврд предмет физички ја нападнал својата 16-годишна ќерка. За време на инцидентот, тој ѝ го одзел и мобилниот телефон.
По преземените полициски мерки, лицето било приведено, а од надлежните институции информираат дека по целосно документирање и расчистување на случајот, против Т.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

















