ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕМЕЈНА ДРАМА: Син им се заканувал по живот на родителите - полицијата откри страшни детали!

СЕМЕЈНА ДРАМА: Син им се заканувал по живот на родителите - полицијата откри страшни детали!
Kristal

Шокантен семеен случај е евидентиран во полицискиот билтен, откако 60-годишен жител на Скопје пријавил дека добивал сериозни закани по неговиот живот и животот на неговата сопруга – и тоа од сопствениот син.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера (23.01.2026 година) во 11:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А. (27) од Скопје. Апсењето било извршено по претходна пријава од неговиот татко, кој навел дека на 22.01.2026 година, околу 00:30 часот, на својот мобилен телефон добил заканувачки пораки со сериозна содржина.

Во пораките, како што е пријавено, биле упатени закани по животот на пријавителот и по животот на неговата сопруга, што предизвикало страв и вознемиреност кај семејството и довело до пријавување на случајот во полиција.

По приведувањето, осомничениот бил задржан, а надлежните служби преземаат активности за целосно документирање и расчистување на настанот. По завршување на постапката, против Д.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок согласно законските прописи.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo