Рано утрово избувна голем пожар во индустриската зона во Нови Пазар, Србија, кој зафати магацин со ткаенини и се шири кон градската топлана, јави РТВ.
Според последните информации од теренот, пожарот започнал во нов магацин кој складирал екстремно запаливи ткаенини за мебел, што предизвикало брзо разгoрување на огнот.
На местото на настанот интервенирале две противпожарни екипи од Крагуевац и уште една од Краљево. Сите расположливи сили се распоредени на критичните точки за да се спречи понатамошно ширење на огнот кон инфраструктурно важни објекти.
За среќа, нема информации за повредени, но материјалната штета е голема. Причината за пожарот засега е непозната.

















