Русија започна уште еден масовен напад врз енергетскиот систем на Украина во раните утрински часови во саботата, предизвикувајќи експлозии во Киев и оставувајќи 1,2 милиони објекти низ земјата без струја, јави Ројтерс.
Во главниот град речиси 6.000 згради останаа без греење на 24 јануари, при температури околу -10°C. Многу станови веќе биле ладни поради претходни прекини во дистрибуцијата на топлината.
Нападите следуваат додека трилатералните разговори меѓу Русија и Украина со посредство на САД продолжија втор ден во Абу Даби, без видливи знаци за компромис.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека едно лице загинало, а четворица се повредени во главниот град, додека во Харков 19 лица, вклучувајќи едно дете, се ранети.

















