ПРВ.мк
Топ Вести

Внимавајте на патот утре – „Безбеден град“ спроведува кратки проверки на камерите во овие два града!

Внимавајте на патот утре – „Безбеден град“ спроведува кратки проверки на камерите во овие два града!
Kristal

Министерството за внатрешни работи известува дека утре, 25.01.2026 година, во рамки на проектот „Безбеден град“, ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените камери за сообраќаен надзор во Куманово и Тетово.

Активностите ќе се одвиваат од 08:00 до 20:00 часот, а на секоја локација камерите ќе бидат проверувани еднократно и кратко – од 15 до 30 минути. За тоа време, сообраќајот привремено нема да се пропушта, по што ќе продолжи нормално.

Граѓаните и возачите се повикуваат на трпение, разбирање и соработка, за тестирањето да се спроведе непречено и безбедно, со цел подобра контрола и безбедност на сообраќајот во градовите.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo