Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја нема да се вклучи во воениот конфликт во Украина. Тој го поврза ова со историскиот пример од 1999 година, кога Унгарија одбила да учествува во воените дејствија во Југославија за време на НАТО-агресијата.
- Орбан рече дека тогашниот американски претседател Бил Клинтон го повикал да интервенира, но тој одбил.
- На средбата со активисти на партијата Фидес во Сомбатељ, Орбан го цитирал Клинтон: „англосаксонските војници веќе се таму и потребно е да се отвори втор фронт на јужната граница на Унгарија“.
Орбан со тоа ја потврди позицијата на Унгарија за невклучување во странски воени конфликти.

















